Со години компанијата „Ookla“ беше на првото место кога стануваше збор за тестирање на брзината на интернетот, а „Nerflix“ неодамна ја претстави едноставната опција.
Но, сега компанијата „Google“ ќе овозможи тестирање на брзината на интернетот директно преку пребарувачот.
Опцијата за „Internet speed test“ се појави како резултат на пребарувањето откако во пребарувачот е напишано „check internet speed“. Ако ја одберете опцијата „run speed test“, „Measurement Lab“ ја проверува брзината на конекцијата и дава повеќе корисни информации.
Оваа опција не се појавува кај сите корисници, што значи дека се уште е во развојна фаза. На пример, еден корисник кој ја пробал оваа опција, му покажала помала брзина на интернетот во однос на резултатите од мерењето на „Nerflix“ и „Ookla“, најверојатно поради локацијата на серверот.
OhridNews
Извор:Zazabava.com