Американскиот технолошки гигант Google ја отстрани експерименталната заштита на приватноста о својот софтвер за мобилните андроиди, којашто им овозможуваше на корисниците да ги блокираат апликациите коишто ги собираат личните податоци од адресарот или локацијата на корисникот, пренесува „Макфакс“.
Сопствениците на паметните телефони коишто ја користат верзијата Android 4.4.2, којашто беше пуштена во продажба претходно седмицава, сега мораат да овозможат пристап со своите лични податоци доколку сакаат да користат сигурни апликации.
Еден од портпаролите на Google рекол дека заштитата на приватноста случајно била вклучена во верзијата Android 4.4.2 којашто се појави ова лето.
„Сомничави сме кон тоа објаснување и не веруваме дека таа на кој и да е начин го оправдува отстранувањето на заштитата наместо да биде подобрена“, вели Питер Екерсли, шеф на технолошките проекти во фондацијата Electronic Frontier, којашто претходно во петокот на својата интернет страница ја објави информацијата за измената.
Корисниците на андроид коишто сакаат да ја задржат заштитата на приватноста без да го надградуваат системот на Android 4.4.2, може да бидат изложени на сигурносни ризици, вели Екерсли. „Корисниците засега треба да избираат меѓу приватноста и сигурноста на андроидот но не можат да ги изберат и двете“, додал.
Прашањата за приватноста се сѐ позначајни за корисниците на паметните телефони, кои содржат сѐ повеќе лични податоци на сопственикот. Google во ноември се согласи да плати 17 милиони американски долари поради тужбата дека тајно ги следел корисниците на интернет, така што поставувал специјални дигитални датотеки на интернет пребарувачите на нивните паметни телефони.
OhridNews
изvор:„Макфакс“