Минаа точно 16 години откако Лери Пејџ и Сергеј Брин ја покренаа компанијата Google во една гаража во Менло Парк во Калифорнија. Од скромниот почеток, Google во своите 16 години постана најпопуларен интернет пребарувач на светот.
 
Google, познат по својат едноставен дизајн, денес вработува над 40.000 лица, а преку него се поврзани над милион интернет страници.
 
Првата јавна продажба на акции се одржа на 19 август 2004 година, кога се крена вредноста на компанијата од 1,67 милијарди долари на 23 милијарди долари.
 
Преку серија нови производи, аквизиции и партнерства, компанијата ја прошири својата основна дејност, пребарување и рекламирање, на други подрачја, вклучително на електронска пошта, онлајн мапи, приказ на видео ромати и друго.
 
Оваа компанија, со седиште во Маунти Вју во Калифорнија, важи за едно од омилените места во кое е најпријатно да се работи. Во повеќе наврати беше објавено дека вработените во рамки на компанијата на располагање имаат базени, теретани, кујни и се тоа во модерен и интересен дизајн.

OhridNews

„Макфакс“