Македонскиот ракометен првак Вардар во првата елиминациска фаза во Лигата на Шампиони за противник го доби Европскиот шампион Хамбург.
Германскиот тим е составен од ракометари кои се врвни имиња европскиот и светскиот ракомет, но според тренерот на „црвено црните“ тоа треба да биде мотив повеќе за неговите избраници.
– Не треба да се трошат зборови за тимот на Хамбург, кој негува агресивна одбрана, а има и брз напад со многу добри шутери Дувњак и Канелјас. Но, не се само тие играчи на паркетот од светска класа туку има повеќе во нивниот ростер затоа и ние ќе мора да одиграме тимски да стигнеме до успехот, кој го посакуваме сите – рече шпанскиот стратег на клупата од Вардар, Раул Гонзалес Гутиерез.
Вардар во групната фаза од Лигата на Шампиони претрпе еден пораз на домашен терен и тоа од составот на Металург, а оддолеа на екипите од рангот на Барселона и Пари Сент Жермен.
Мх.П.