Гонорејата би можела да стане неизлечива болест, предупредува шефицата на англиската служба за јавно здравство Сели Дејвис, пренесува „Макфакс“.

Како што наведува BBC, Дејвис им упатила допис на здравствените служби, аптеките и лекарите, по појавата на супер гонорејата во Лидс, бидејќи утврдила дека пациентите не ја добиваат соодветната терапија. 

Високиот резистентниот сој на гонореја е откриен во март во северна Англија. За лекување на оваа бактерија потребно е да се зема комбинација од два антибиотика, азитромицин орално и инјекција цефтриаксон.

Некои пациенти, предупреди Британското здружение за сексуално здравје и ХИВ, добиваат меѓутоа само орално лекувања, а токму земањето на таквата несоодветна терапија ѝ дава поттик на бактеријата да развие резистенција поради што гонорејата може да стане неизлечива болест.

Болеста ја предизвикува бактеријата Neisseria gonorrhoea, а се шири преку незаштитени сексуални односи.

Гонорејата е втората најчеста полово пренослива болест во Англија, а има сé повеќе регистрирани случаи. Бројот на заразени пораснал за 19 отсто во 2014 година во однос на претходната година.

OhridNews
Извор:„Макфакс“