Еден дилер проголтал пакетчиња со хероин и потоа одбивал да оди во тоалет 16 дена. Завршил во затвор и не јадел ништо откако влегол во ќелијата. Полицајците чекале природата да го направи своето. Конечно по 16 дена доставил пет кондоми со дрога кои на улица чинат околу 3000 евра.
На судот во Свонси го признал поседувањето на дрогата со намера да ја продаде. Неговиот адвокат изјавил дека клиентот имал силна волја да се сокрие. Судијата го осудил на четири години и четири месеци затвор и додал дека непотребно си го ризикувал животот.