Вкупно 12 голови, безброј возбудувања, трик потези, радост и тага имаше во финалните натпревари на меморијалниот турнир во мал фудбал „Климент Колески“.


Бел Мерцедес во финалето со 5-1 го совлада АСП Пак кој пружи солиден отпор иако резултатот на семафарот кажува(ше) друго. „Мечките“ сурово со два брзи погодоци ја казнаа згрченоста во составот на АСП Пак во финалето.


Мечот за третото место понуди адреналин плус, откако победникот се решаваше по изведувањето на пеналите. По 16 изведени пенали екипата на Вила Хармони излезе како победник и го освои бронзениот медал.

Дополнителен шмек на финалето на второто издание на меморијалниот турнир и даде естрадната уметничка Елена Велевска која ја испеа националната македонска химна и ги одликуваше најдобрите и победниците на турнирот.

Фотогалерија:

Бел Мерцедес триумфираше на меморијалниот турнир „Климент Колески“

OhridNews