Фудбалерите на Борусија Дортмунд со триумф над Шалке (4-0) го најавија рестартот на сезоната во германската Бундес лига. Целиот натпревар на „Сигнал Идуна Парк“ и воопшто сите мечеви до крајот на сезоната ќе се играат под посебни мерки и правила, поради опасноста од вирусот Ковид -19.

Тренерот на домаќините, Фавр Лусиен после натпреварот изјави дека воопшто не се чувствувал на натпревар во Дортмунд поради празните трибини и атмосферата.

Се беше супер, но не може да се долови моментот без реакција од трибините. Даваш гол или правиш врвно додавање и како ништо да не се случило. Многу, многу чудна ситуација, ни недостасуваат навивачите. – изјави Лусиен.

Со трите освоени бодови, Борусија Дортмунд му се доближи на два бодови на лидерот на табелата Баерн Минхен, кој мечот од оваа рунда ќе го одигра денеска против тимот на Унион Берлин.

OhridNews

Убедлив триумф на „милионерите“ во локалното дерби со Шалке (видео)