Погодокот на српскиот интернационалец Дејан Станковиќ на мечот со Шалке е еден од најбрзите во Лигата на шампиони. “Петката“ на Интер со својот гол го зазеде петтото место на вечната листа.
Најбрзиот гол е дело на Рој Макај од Баерн Минхен на мечот против Реал Мадрид на 7 март 2007 година постигнат по 10.02 секунди.
На второто место е Жилберто Силва (Арсенал), кој беше стрелец по 20.07 секунди на мечот против ПСВ Ајндховен на 25 септември 2002 година.
На третото место се наоѓа легендата на Јувентус, Алесандро Дел Пјеро, кој топката ја испрати во мрежа по 20.12 секунди на дуелот против Манчестер Јунајтед на 1 октомври 1997 година.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com