Лошите услови на патот и голомразицата, неофицијално, се причина за тешката сообраќајна несреќа, што завчера се случи кај Воден-Грција  во која животот го загубија охриѓанка и стружанка. Во несреќата уште три лица се повредени, од кои едно потешко. Ова го кажуваат блиски на преживеаните, кои први пристигнале на местото каде се случил трагичниот настан.

Неофицијално, на местото не несреќата утрото имала голомразица која предизвикала извртување на возилото со кое патувале македонските државјанки и на уште едно возило со грчки регистарски таблички кое доаѓало од спротивен правец. Притоа во извртувањето грчкото возило навлегло во спротивната коловозна лента  и се судрило со македонското возило кое од ударот излетало од патот во провалија и удрило во дрво каде и застанало. Судирот бил кобен за две од петте патнички кои седеле назад во возилото.

Официјалниот извештај за причините за сообраќајната несреќа го подготвуваат грчките истражни органи и полицијата, а поради прославата на  Божиќните празници  кај јужниот сосед медиумите не  можеа да обезбедат подетални информации за трагичниот настан.

Ohridnews