Поранешниот чувар на мрежата на Охрид, Крсте Костески кариерата ќе ја продолжи во Струмица потпишувајќи договор со истоимената екипа.


Охрид и Макс Струмица не планирано ги разменаа голманите откако Благојче Трајкоски потпиша за „гладијаторите“, а Костески ги засили „рисовите“.

Костески две и пол сезони добро го чуваше голот на Охрид по доаѓањето од тимот на Струга, но сега се наоѓа пред нов предизвик.

Стружанецот во новата екипа ќе има шанса за настап во регионалната СЕХА лига, а подоцна во националниот шампионат и Купот на Македонија. 

OhridNews