Градскиот фудбалски клуб Охрид, го повлече првиот потег во зимскиот преоден рок доведувајќи голманот Раиф Мирселоски. Искусниот чувар на мрежата доаѓа од кичевски Велазерими, каде ги помина последниве шест месеци од кариерата.

  • Веднаш ја прифатив понудата од Охрид, бидејќи многу брзо најдовме заеднички јазик со управата на клубот. Со моето искуство и квалитет се надевам дека ќе му помогнам на клубот да стигне до посакуваната цел-опстанок во Втората лига. – изјави Мирселоски.

Од клубот замина Даниел Котески, кој беше прв голман во есенската полусеона во Охрид.

Во најскоро време, охридскиот фудбалски клуб ќе назначи нов тренер и ќе ги промовира останатите фудбалери кои ќе пристигнат во Охрид.

Првата етапа во Втората лига, Охрид ја заврши на претпоследната позиција и во пролетната полусезона го очекува тешка но не и невозможна мисија во битката за опстанок.

OhridNews