Голманот Алекс Нибел суспендиран е четири натпревари и дополнително е казнет со 12 000 евра за хорор стартот над Мијат Гачиновиќ на дуелот помеѓу Шалке и Ајнтрахт Франкфурт во Бундес лигата. Чуварот на мрежата на „сините“, Нибел, остро стартуваше над Гачиновиќ, кој имаше голема среќа и помина со модрици без потешки повреди.

  • Ја прифаќаме суспензијата. Како што и Нибел изјави после натпреварот дека најважно што Гачиновиќ помина без повреди. Сакам јавно да му се заблагодарам на Ајнтрахт за спортскиот однос без разлика на тежината на стартот. Во ниту еден момент не го обвинија нашиот голман, кој вистина се кае за стартот над Гачиновиќ. – изјави спортскиот директор на Шалке, Јохан Шнајдерс.

Гачиновиќ на терените ќе се врати веднаш, а Нибел после поминувањето на суспензијата го чека „единицата“ во Шалке.

OhridNews