Градскиот ракометен клуб Охрид денеска го промовираше новото засилување. Се работи за голманот на Еурофарм Пелистер Бобан Ристевски, кој во сезоната 2023/24 ќе го носи дресот на ГРК Охрид.

За новата сезона клубот до сега ангажираше вкупно осум засилувања, четворицата македонски репрезентативци, голманот Даниел Ѓорѓески, левото крило Гоце Ојлески, десното крило Никола Стоилевски и специјалистот за одбрана Милорад Кукоски. Дресот на ГРК Охрид ќе го носат и младиот босански репрезентативен голман Берин Бркиќ, грузиецот Теимураз Орјоникидзе, како и хрватскиот интернационалец Рудолф Звонимир Сафранко.

ГРК Охрид денеска ги започна подготовките за новото првенство во Супер лигата кое стартува на 9 септември со Езерско дерби во Струга.

Г.М.