Лондонски Тотенхем го прескокна Манчестер Сити и го продолжи притисокот над водечката екипа на табелата во Премиер лигата, Ливерпул после минималната победата против Њукалс (1-0) во првиот меч од 25-та рунда во англискиот шампионат.
Човек на одлука беше Сонг Хон Мин кој со голема помош од голманот Мартин Дубравка ја погоди мрежата. Голманот на Њукалс неспретно реагираше во 83-та минута после ударот на Сонг и му поклона погодок вреден три бодови на домашните фудбалери.
Со новиот триумф и продолжување на победничката серија Тотенхем речиси обезбеди пласман во ТОП 4 што носи влез и нова авантура во Лигата на Шампиони.
Мечевите од 25-та рунда продолжуваат во 16 часот, а последниот меч од денешната програма се игра во 18 часот и 30 минути.
OhridNews