Катастрофалната грешка на Лорис Кариус во финалето во Лигата на Шампиони помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид имаше реприза, а улогата на главен лик ја имаше голманот на Селтик, Крег Гордон. Чуварот на мрежата на „детелините“ на идентичен начин погреши, а киксот го искористи фудбалерот на Салзбург, Фредрик Гулбрандсен кој погоди за 2-0.

Шкотскиот шампион го загуби мечот со 2-1, но доби неочекувана помош од Розенборг кој постигна погодок за реми (1-1) против Лајпциг и му го отвори патот за пласман во елиминациската фаза.

OhridNews