Охридскиот чувар на мрежата Никола Симоновски ја одбележа првата рунда од новата сезона во Втората македонска фудбалска лига.
Симоновски како и целокупната охридска екипа имаше многу добар настап во дерби средбата со Гостивар која заврши без голови и без победник (0-0) и заслужено се закити со признанието најдобар голман во изборот на „Макфудбал“.
„Рибарите“ го „заборавија“ мечот и ремито со Гостивар и комплетно се фокусираат на дуелот со Велешта кој ќе се одигра в недела во 16:30 часот.
OhridNews