Лидерот на табелата во најквалитетната шпанска лига, Атлетико Мадрид, освои значајни три бодови на гостувањето кај Еибар, победувајќи со 2-1 (1-1), во 19-та рунда од шампионатот.

Средбата на стадионот во Еибар понуди ретко атрактивен и содржаен фудбал, како ретко сезонава во Шпанија. Домаќините уште на стартот поведоа со гол од белата точка. Прецизен егзекутор беше голманот на Еибар, Дмитровиќ, кој го надмудри својот колега од Атлетико Мадрид. „Јорганиџиите“ пред крајот на првиот дел преку Суарез го изедначија резултатот. Уругваецот беше творец на вториот погодок, кој се покажа пресуден за победник на натпреварот. Суарез, прво изнуди пенал, а, потоа со паненка го совлада Дмитровиќ.

Со новите три бодови, Атлетико Мадрид, се одлепи седум од второпласираниот Реал Мадрид, кој има и натпревар повеќе. „Јорганџиите“ црврсто чекорат кон титулата во Ла лига и решени се да стават крај на постот и доминацијата на Реал Мадрид и Барселона.

OhridNews