На гладијаторите им се приклучува чуварот на мрежата од РК Голден Арт, Даниел Ацев. Ацев во следните пет месеци ќе биде член на ракометниот клуб Охрид, соопштија од РК Голден Арт.

Во соработка со двата клуба, а со цел поголема минутажа на младиот голман и индивидуален напредок, младиот скопски прволигаш кој работи на создавање млади македонски играчи се одлучи да го отстапи велешанецот Ацев на тимот на Раде Стојановиќ, информираа од РК Голден Арт. 

OhridNews