Екипата на Манчестер Сити го освои трофејот во англискиот Лига куп. „Граѓаните“ во финалето на Вембли го совладаа составот на Челси после изведувањето на пеналите (4-3), откако регуларните 90-ет и продолжението од триесет минути завршија без победник 0-0.

 

Финалето кое не изобилуваше со квалитетен фудбал го одбележаа пеналите и срамниот и непрофесионалниот потег на голман на Челси, Кепа Азирабалага. Најскапиот голман во светот кој се жалеше на повреда одби да го напушти натпреварот иако неговата измена Вили Кабаљеро седеше покрај аут линијата. Менаџерот на „сините“, Маурицио Сари полуде, но попушти и Азирабалага го заврши натпреварот и ги бранеше пеналите.


Во првата серија Жоржињо промаши, а Гундоган погоди за водство на Сити 1-0. Во втора Аспликуета реализираше, а Серхио Агуеро возврати за 1-2. Емерсон во третата изедначи на 2-2, а резултатот остана не променат после промашувањето на Сане. Во четвртата серија Давид Луиз промаши, Бернандо Силва погоди и го донесе на чекор Сити од титулата. Во решавачката серија Азард погоди, а Стерлинг не промаши и ја завери титулата.

Годинешната титула е вкупно шеста за Манчестер Сити, додека Челси остана на пет. Најтрофеен клуб во англискиот Лига куп е Ливерпул со осум титули.

OhridNews