Чуварот на мрежата на кратовски Силекс, Даниел Божиновски отпадна од списокот за ноемврискиот циклус во кој македонската фудбалска селекција ќе го одигра и финалето во баражот за пласман на Европското првенство, што ќе се одржи следната година.

Божиновски ќе отсуства поради позитивен исход на тестот за коронавирусот. Голманот немал контакт со останатите фудбалери кои се наоѓаат во репрезентативната база и нема простор за паника.

Според протоколот, секој фудбалер само што ќе допатува во базата се тестира за ковид -19 и до добивањето на исходото од тестот претстојува сам в соба.

Селекторот Игор Ангелоски нема да повикува дополнително голман, бидејќи без Божиновски веќе се тројца на списокот. Голмани на Македонија се Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски и Мартин Богатинов.

OhridNews