Голманот на фудбалскиот клуб Њупорт, Том Кинг, во вторникот постави светски рекорд. На натпреварот во Лига 2, помеѓу Њупорт и Челтнам (1:1), Кинг од пред својот гол испрати топка која заврши зад грбот на неговиот колега од Челтнам.
Неколку дена по постигнатиот ден ФИФА го потврди рекордот на Кинг. Голот е постигнат од најголема далечина во историјата на фудбалот. Во ФИФА измериле дека Кинг ја наместил топката на 96,01 метри од голот на противникот.
😲 According to @GWR there is a new record for longest goal scored in a competitive match: 96.01 metres by @NewportCounty goalkeeper Tom King 🧤
🎥 @SkySports pic.twitter.com/3OfoQywbKL
— FIFA.com (@FIFAcom) January 21, 2021
Според податоците во Гинисовата книга на рекорди, претходниот рекорд го држел Асмир Беговиќ. Пред седум години, додека бранеше за Стоук, Беговиќ против Саутемптон постигна гол од далечина од 91,9 метри.
Зидан позитивен на ковид -19
Реал Мадрид следниов период ќе биде без тренерот Зинедин Зидан. Францускиот стручњак на клупата од „кралевите“ добил позитивен тест на коронавирусот.
Зидан, според протоколите се наоѓа во самоизолација со благи симптоми и стабилна здравствена состојба.
Реал Мадрид во шпанската Ла лига силите ќе ги одмери со Алавес, на гостински терен.
OhridNews