Ракометниот клуб Охрид го повлече првиот потег во зимскиот преоден рок и во своите редови ги доведе голманот Филип Иваноски и десниот бек Стефан Трпчевски.
Иваноски во охридскиот состав доаѓа од Еурофарм Работник кој го отстапи на позајмица, додека Трпчевски во Охрид се пресели од Струга и се обврза за година и пол верност.
„Гладијаторите“ со новите засилувања најавуваат атак на плејофот и продолжување на одличниот низ кој го имаат последниве сезони.
Од клубот замина битолчанецот Мартин Јованоски. Искусниот голман веројатно кариерата ќе ја продолжи во соседна Грција.
Охридскиот ракометен клуб првиот тест во подготвителниот период ќе го има во петок на домашен терен против Еурофарм Работник.
OhridNews