Славниот гол каубоец одлучил да се повлече од трката за градоначалник на Њу Јорк. Тој стана вистинска туристичка атракција бидејќи на плоштадот свирел гитара облечен само во гаќички, каубојски чизми и шешир. Во трката за градоначалник се вклучил пред неколку месеци, но веќе му здодеале сите прописи и процедури до кои морал да се држи.
Капката која ја прелила чашата била казната од 200 долари бидејќи не го поднел завршниот финансиски извештај. Нему се допаѓало и тоа што морал да носи одела и кравати за да го сватат сериозно. Неговиот последен познат потег бил оној кога ја тужел фирмата Марс бидејќи во една реклама бомбоните ги облекле по неговиот пример.