Повеќе од 500 мажи и жени од кои половината биле голи, се возеле низ улиците на Мексико Сити, за да им го привлечат вниманието на возачите за да престанат да ги газат.


– Се возиме голи за да им го привлечеме вниманието на возачите и да престанат да не газат. Голи на сите им паѓаме во очи. Возачите не не почитуваат. Се однесуваат према нас како према ѓубре, – рекол студентот Александар Харндез.

Како би го решила проблемот со сообраќајните тесни грла и загадувањето на воздухот во градот од 20 милиони жители, левичарската градска власт, ќе промовира возење на велосипеди и ќе изгради мрежа од велосипедски патеки. Но, патеки сеуште има многу малку, па велосипедистите се приморани да возат по улиците низ дотраените автобуси, камиони и нервозни возачи.