Полицајка на Нов Зеланд навечер сопрела двајца велосипедисти кои возеле потполно голи и ги предупредила да се вратат дома и да стават кациги.
Полицајката Кети Дудер, која неодамна застанала двајца велосипедисти во 10 часот навечер, им рекла на збунетите момчиња:“Поради ова можете да завршите во затвор. Вратете се дома и ставите кациги!“
Така момчињата се извлекле поради голотијата, но кацигите не можеле да им бидат простени. Полицајката вели дека повеќе не ги видела истата вечер, и не знае дали го послушале нејзиниот совет.
На Нов Зеланд поради разголување во јавност можете да бидете обвинети за нарушување на јавниот ред и мир. Но, полицајката одлучила да им прости на момчињата бидејќи било темно и немало никој на улицата.