Играчите на рагби тимот при универзитетот Оксфорд се фотографирале потполно голи за календар, како би собрале пари за борба против ракот на простата. Младите спортисти за црнобелиот календар се фотографирале во различни, внимателно смислени пози, низ целиот универзитетски град.
Едно од момчињата кои се фотографирале за календарот рекло дека некои од нив имале контакти со ракот на простата, па затоа одлучиле на овој начин да соберат пари. Додал дека било многу интересно и дека на целиот тим му се допаднала идејата. Се фотографирале рано наутро како би имало што помалку луѓе во околината. Календарот ќе се продава по цена од десет фунти, а целиот приход ќе оди за институцијата “Prostate Cancer UK”.