Полицијата од Флорида објавила снимка од безбедносни камери на кои се гледа трио голи крадци кои украле 60 хамбургери од еден ресторан на југозападот од Флорида. Полицијата соопштила дека луѓето, двајца голи и еден по долна облека, упаднале во неделата утрото во ресторанот и оставиле траги од црвени хартии на плажата.

Генералниот менаџер на ресторанот на Бонита Бил Лу Бангерт рекол дека не видел ништо слично во 27-годишната историја на ресторанот. Крадци претходно упаднале во неговиот ресторан, краделе пари, но никој никогаш не упаднал гол во ресторанот во потрага по вкусни оброци.