Латвиската полиција во понеделникот ноќта во Рига уапсила двајца од вкупно четворицата голи британци кои на минус 15 степени седеле на дрвен коњ и се фотографирале. Лицата биле во триесеттите години и под дејство на алкохол.


Се обидувале да се фотографираат во природна големина. Полицијата по апсењето им наплатила казна за вандализам во износ од окоу 120 евра. Латвиската полиција и претходно имала проблеми со некултурните туристи кои мокреле по споменикот поради што вовеле почести полициски контроли.