На една аукција во Лондон следната седмица на продажба ќе се најдат и црно-бели голи фотографии на манекенката Кејт Мос, кои биле направени во 1993 година, а нивната почетна цена ќе изнесува 18 илјади фунти. Од аукциската куќа рекле дека фотографот Вотсон направил две впечатливи фотографии на Мос за време на снимањето за германскиот „Вог“. Денес тие се меѓу најпопуларните фотографии на манекенката.
Фотографиите биле снимени во Мароко. По целодневното снимање во Маракеш за германскиот „Вог“, Вотсон и предложил на Кејт да ја слика гола, а таа се согласила, по што настанале фотографиите кои ќе се најдат на аукцијата.