Сопственикот на едно погребално претпријатие во Полска ја налутил католичката црква бидејќи своите мртовечки сандаци ги рекламирал на календар заедно со голи девојки. Една од илустрациите на календарот за 2013 година прикажува блондинка во танга и со змија околу вратот како лежи сандак, додека на друга жена во црвен корсет која го вади срцето на маж кој лежи во ковчегот.

Календарот може да се купи преку веб страната на погребалното претпријатие, а секој кој ќе го нарача со него добива приврзок за клучеви во форма на мртовечки сандак. Католичката црква го осудила календарот, истакнувајќи дека кон смртта треба да се однесува со почит, а и дека таа не смее да се меша со голотијата. Црквата отсекогаш била во центарот на полското друштво, но во последниве години започнало да се менува. Иако 93 проценти од граѓаните се изјаснуваат како католици, процентот на оние кои ја практикуваат верата е во постојано опаѓање.