Ова време од годината е најактивното за Дедо Мраз. Завчера 60 скоро голи Дедомразовци трчаа низ Будимпешта, а дури 13 0000 трчаа во Лондондери во хуманитарни цели и на тој начин срушија светски рекорд.


трка на голи дедомразовци

Голите дедомразовци во Будимпешта трката ја организирале за да соберат средства  унгарскиот параолимписки тим кој се подготвува за Олимписките игри 2008. Натреварувачите биле облечени во костими за капење, а на главата била задолжителна црвена капа. Трката била во должина од три километри, но често била прекинувана бидејќи расположените тркачи застанувале да запеат и да им даруваат слатки на насобраните навивачи.


нов Гинисов рекорд

По улиците на ирскиот град Лондондери илјадници Дедомразовци исто така трчале во хуманитарни цели. Приходот бил наменет за аутистичните деца и деца заболени од карцином. Според бројот на учесниците кој достигнал 13 000, оваа трка влезе и во Гининсовата книга на рекорди.    

Јасминка Т. Момироска