Американките ги покажале градите и марширале со транспаренти по улиците на Лос Анџелес за да ги изборат своите права да бидат во топлес издание. Годишниот протест го организирале во седум градови за да ја промовираат идејата дека жените имаат право да ги покажуваат градите на јавни места исто како и мажите.
Американските медиуми објавиле дека жените во Њу Јорк шокирале некои од минувачите. Меѓутоа полицијата не го прекинала протестот бидејќи жените таму имаат право да бидат топлес уште од 1992 година. Учесничките во протестот собирале потписи кои ќе ги приложат до сенатот.