Најдобриот стрелец во Првата женска фудбалска лига, Ели Јаковска кариерата ќе ја продолжи во Турција откако потпиша договор со клубот Измир. Репрезентативката на Македонија ја одбрала најдобрата и најпрималивата понуда од неколкуте кои стигнале на нејзина адреса.

  • После завршување на сезоната во ПЖФЛ имав неколку понуди од странсво. Добро ги разгледав и ја одбрав онаа на Измир, бидејќи ми се допадна проектот а и добро го познавам турскиот фудбал. Пред сезона и пол играв за Бешикташ и знам што ме очекува и за каков квалитет се работи. Се надевам дека добро ќе се вклопам во мозаикот и ќе ја израдуваме публиката со голем успех. – изјави Јаковска.

24-годишната фудбалерка минатата сезона настапуваше во ЖФК Истатов, а последниве години е ударна игла во нападот на македонската селекција.

OhridNews