Со доаѓањето на капитенот Горан Пандев и Адис Јаховиќ селекторот Чедомир Јаневски ја комплетираше селекцијата за двомечот со Белгија. Првиот натпревар “рисовите“ го играат в петок во 20:45 часот во Скопје, а вториот дуел во Брисел во вторник.


Македонскиот интернационалец Горан Пандев и Јаховиќ со погодоци во своите екипи ја најавија одличната форма во пресрет на дуелите со Белгија.

Поголем дел од репрезентативците се во “голгетерска“ форма, а тоа треба да го потврдат на “Филип Втори“ в петок против Белгија.

Мх.П.