Екипата на Ливерпул останува лидер на табелата во Премиер лигата, откако на Енфилс со 3-1 го совладаа Манчестер Јунајтед во големото англиско дерби.

Џокер на „црвените“ во 201-то дерби помеѓу најголемите ривали беше Џердан Шаќири. Швајцарецот во игра влезе во 70-та минута, а три минути подоцна со помош на Ешли Јанг ја погоди мрежата за 2-1. Седум минути подоцна Шаќири погоди уште еднаш, овој пат за 3-1 и победа. Претходно домаќините поведоа со погодокот на Садио Мане, а изедначи Џеси Лингард по катастрофалната грешка на Алисон Бекер.

Фудбалерите на Ливерпул со триумфот во дербито ја продолжија серијата без пораз во најсилната лига во Англија сезонава и после осум мечеви најдоа начин да ја решат енигмата наречена Манчестер Јунајтед.

Резултати: Брајтон – Челси 1-2, Саутемптон – Арсенал 3-2, Ливерпул – Мен Ју 3-1.

Табела:  Ливерпул 45, Мен Сити 44, Тотенхем 39, Челси 37…

OhridNews