Со целодневна забава која ќе кулминира вечерва, ќе биде означен почетокот на работа на реновираниот кафе бар „Кадмо“ во центарот на Охрид.

Во пресрет на Велигденските празници кафе бар „Кадмо“ ќе блесне во нов сјај и повторно ќе ги отвори вратите за сите љубители на добрата забава. За сладокусците тука е у лаунџ барот „Кадмо“, каде саботната вечер е посветена на староградската музика.

За претстојните празници од „Кадмо“ најавуваат богата музичка програма која ќе биде збогатена со настапите на „Куку леле“, Џони лајв и Јоце Панов.

OhridNews