Од Австралија пишува:
Перо Дамчевски-Коцин

Дека Македонците се вреден народ-нација и надвор од татковината тоа деновиве го потврди и уметникот Блаже Крстаноски Блажески, добро познат на македонската заедница во Австралија кој во повеќе наврати организирал самостојно изложби на негови уметнички дела-скулптури како во Македонија така и во Австралија. Блаже Крстаноски Блажески, кој инаку по потекло е од охридскиот крај исто така добро и е познат пошироко и на австралиската јавност со неговите изложби кои биле дел од заеднички изложби со многу познати австралиски уметници.


Деновиве во општината Рокдаел која е една од најгусто населените места во дијаспората со Македонци пред бројни личности од општината на свечен начин се официјализира новата населба Воли Крик која изобилува со прекрасни новоградби, висококатници и нова железничка станица, а се наоѓа на заливот Ботани Беј на чекор до сиднејскиот аеродром. За нас Македонците оваа церемонија беше од посебно значење затоа што главната атракција беше  секако откривањето на спомен обележјето од страна на градоначалникот на општината Рокдаел, мајорот  Џон Фловерс и неговиот заменикот мајорот Јан Бренан, високата скулптура од шест метри Wolli Dаncing, вредна $74. 000, дело на познатиот наш уметник скулптор Блаже Крстановски Блажески. Ова ремек дело на Блажески го симболизира животот на првите жители Абориџаните на овие простори, кои сите културни активности ги изведувале преку игрите баш на ова место.


Во своите говори официјалните лица на општината Рокдаел се осврнаа на големото значење на ова најново  и  најмало сиднејско предградие кое му дава посебен белег и изглед на Сиднеј. А за прекрасната скулптура која е од историска важност како за општината Рокдаел така и за новата населба на уметникот Блаже Крстаноски Блажески доби големи пофалби и признанија како од официјалните лица така и од присутните.