Угостителската понуда на Охрид е побогата за лаунџ бар „Влахов 52“. Локалот со уникатно име, свечено ќе биде отворен во петок, 8-ми јули, со настап на култниот бенд „Камелеон“.
Почеток 22. часот.
Лаунџ бар „Влахов 52“ се наоѓа на ул. „Димитар Влахов“, наспроти гимназија, во зградата на Црвен крст. Од менаџерскиот тим најавуваат пред се квалитетна услуга и вкусни специјалитети од кујната на „Влахов 52“, а со време менито ќе се збогатува. За летните горештини „Влахов 52“ нуди освежителни пијалаци и исклучително голем избор на пива, а сето тоа по прифатливи цени. „Влахов 52“ ќе биде урбано катче за уживање, додаваат тие.
Време е за нешто ново, за нешто квалитетно, вереме е за „Влахов 52“.
OhridNews