Седум возачи загинаа при пад на дрвја во големото невреме што ја зафати Германија, јавуваат светските агенции.

Сите возови на север од земјата се запрени поради голем број стебла и гранки на пругата. Во Берлин поради невремето во застој бил јавниот сообраќај.

На места силината на ветриштата достигнала 120 километри на час.

OhridNews