Oхриѓанецот Богдан Василески и неговиот колега Огнен (beatbox) од Битола, познати на пошироката јавност по извонредните препеви со кои на оригинален начин ја промовираат македонската музика, во четврток ќе настапат во “Cuba Libre beach & bar”. 

Богдан свири гитара и има одличен глас, а Огнен е вистинска „beatbox“ машина. За тие кои случајно ги пропуштиле еве мало потсетување во видеото подолу, кое веруваме е доволна провокација овие исклучителни момци да се видат во живо во “Cuba Libre beach & bar”.

Настапот на Богдан и Огнен во четврток започнува во 21 часот.


Во четврток големо „beatbox“ музичко шоу на Богдан и Огнен во “Cuba Libre beach & bar”  

OhridNews