Засега не се соопштува за каков наод се работи но неофицијално се говори дека е пронајден вреден артефакт од злато , налик на ѓердан или појас, како и други предмети кои потекнуваат од 4 или 5-тиот век пред нашата ера.
–Господинот Паско Кузман ме информираше дека се работи за вредно откритие, какво до сега не било пронајдено. Видов имаше повеќе предмети но што точно е најдено ќе соопштат археолозите, рече претседателот Иванов, кој беше видно возбуден од откритието.
Археолошките истражувања продолжија во текот на денот, а директорот на управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, најави дека деталите за најновото археолошко откритие, ќе бидат соопштени на прес конференција.