Голем респект и пофалби oд познати пливички имиња за Марко Пејчиновски кој вчера се обиде но не успеа да го преплива Охридското Езеро од Охрид преку Св. Наум и Струга повторно во Охрид. Но целта која си ја зададе, поддршката за лицата со ретки болести, како и минатогодишниот подвиг кога на 12 години го преплива Охридското Езеро од Св. Наум до Охрид, е огромен успех велат тие. OhridNews пред почетокот на соло маратонот на Марко кој веќе се сврстува меѓу легендите на Охрид, разговараше со водечкиот во Генералниот пласман во светскиот поредок на ФИНА во ултра маратонско пливање Евгениј Поп Ацев, претседателот на националната пливачка федерација и младински светски првак Александар Маленко и искусниот тренер и поранешен пливач Соња Думбалоска, добитник на наградата „Климе Савин“ за 2019 година. Што кажаа тие за Марко погледнете во видеото.