Голем дел од фудбалските мега ѕвезди се збогуваа со Емилијано Сала кој животот го загуби во авионска несреќа. Телото на Сала пронајдено беше во авионот на дното од каналот Ла Манш каде што и му се изгуби секаква трага од радарската служба.

Помеѓу првите кои се простија со аргентинскиот фудбалер беа Килијан Мбапе и Месут Озил, а потоа му се приклучија Лионел Меси, Гонзало Игуаин, Луис Суарез и многу други. Токму на иницијатива од фудбалерите предводена од Н`голо Канте започна приватна потрага по авионот, откако спасувачките екипи ја прекинаа потрагата после три денови.

Со повлекувањето на дресот со број девет Нант ќе му изрази почит на Сала. Францускиот клуб не беше последен клуб, бидејќи тој се пресели во Кардиф но беше последен клуб за кој играл. Навивачите на Нат поставија банер пред стадионот со ликот на Сала, а во иднина 9-та минута од мечевите ќе му ја посветуваат на несреќниот Аргентинец.

Сала исчезна на 21 јануари вечерта, а дури синоќа идентификувано беше неговото тело и предадено на фамилијата за погреб. Од семејството на Сала изразија благодарност за поддршката и бодрењето во најцрните моменти во нивниот живот.

OhridNews