Извонредно и супер квалитетно музичко уживање приреди синоќа виртуозот на гитара Влатко Стефановски на Античкиот театар во Охрид.

Спроти празникот Илинден беше вистинско уживање да се биде на древната охридска арена да се гледа концерот на Влатко и пријателите: Биља Крстиќ од Србија, Теодоси Спасов од Бугарија, Танос Ставридис од Грција, Весна Гиновска Илкова и групата Љубојна од Македонија.

На концертот Влатко Стефановски со една минијатура му оддаде почит на големиот музичар од Хрватска Оливер Драгојевиќ, кој почина деновиве, што предизвика долги аплаузи.

Г.М.