Синиот дијамант од 17 век од 35,56 карати, дел од миразот на Маргарита Тереза за веридбата со австрискиот цар Леополд I би можел на аукцијата во декември да достигне цена од 15 милиони долари.
Аукциската куќа Кристис објавила дека дијамантот Wittelsbach ќе биде понуден на меѓународен пазар прв пат во последните 80 години.
Според Кристис, шпанскиот крал Филип IV тој скапоцен камен го дал како дел од миразот на својата 15 годишна ќерка за веридбата со австрискиот цар.
По смртта на принцезата во 1673 година, царот Леополд го задржал и го пренел во наследство на своите потомци.
Во 1722 година го поседувало семејството Wittelsbach и подоцна е продаден од нивната приватна колекција.