Според временската прогноза за идната седмица во Охрид времето ќе биде претежно сончево, со повремена облачност но со големи температурни промени.

Во понеделник дневната температура ќе биде 11 степени, а вечерната ќе се спушти на 0 степени целзиусови.

Од вторник ќе има намалување на дневната температура за околу десет степени, ќе дува умерен ветар од северо-источна страна. До крајот на седмицата максималната температура ќе се движи од 0 до 4 степени, а вечерите ќе бидат студени, минималната ќе биде од -10 до 0.

OhridNews