Охридскиот ракометен клуб сезонава во Супер лигата ја започнува со големи амбиции, а тие се пласман на една од првите четири позиции на табелата што води во разигрувањето за титулата.
– Минатата сезона во ова време зборувавме за опстанок во Супер лигата, а еве сега не ни размислуваме на таа тема. Со новите пет засилувања направивме конкуретна екипа која се надевам дека ќе функционира беспрекорно. Со пласманот на позициите кои водат во плеј офот во Охрид би ги закажале дуели Металург и Вардар што ќе биде празник на ракометот – потенцираше Андоновски.
Охрид сезоната ја започнува со нови пет ракометари, а од минатата сезона во стројот ги нема Никола Мирков и Ристе „Меци“ Китевски.
– Направивме тим составен од ракометари кои доаѓаат од нашата земја. Кодот во екипата го задржавме бидејќи пак во составот доминираат играчи од Охрид и Струга – додаде Андоновски.
В сабота во 18 часот во Прилеп против истоимената екипа охридските ракометари ќе ја имаат премиерата во новата суперлигашка сезона.
Мх.П.