Најтрофејниот клуб во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед со нов и побогат петгодишен договор го награди Лук Шо. Англичанецот имаше пех на стартот од кариерата на Олд Трафорд, откако на дуелот со ПСВ во Лигата на Шампиони се здоби со двојна фрактура на ногата. Тешката повреда и операцијата не го поколебаа младиот фудбалер кој напорно работеше и ја искористи својата шанса, а наградата од клубот пристигна денеска.

  • Доаѓањето во Манчестер Јунајтед пред четири години е многу значајно во мојот живот. Во клубот се соочив со работи кои никогаш не ги замислував. Благодарение на луѓето околу мене израснав во силна личност и сега сето тоа треба да го покажам на теренот.  – изјави фудбалерот.

Португалскиот стручњак Жозе Мурињо околу новиот договор на Шо додаде – Многу ми е мило што задржавме млад и англиски фудбалер во нашите редови. Шо покажа победнички карактер во борбата со повредата и другите работи кои доаѓаат кога не играш фудбал. Нам во клубот ни требаат токму такви играчи и затоа сум среќен што го задржавме.

Англискиот репрезентативец со новиот договор ќе заработува 150 000 фунти неделно, а најважно е што ја реши својата иднина во текот на сезоната и може да се насочи кон следните предизвици на „црвените ѓаволи“ во Премиер лигата и Лигата на Шампиони.

OhridNews