Македонската машка ракометна репрезентација одново ја израдува нацијата. Обезбеден е пласман на Европското првенство догодина во Полска. Во клучниот натпревар во квалификациите, вчера во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, десеткуваната селекција на Ивица Обрван ја совлада Чешка со 32:28 и го завери настапот на континенталното првенство во 2016. Капитенот Лазаров иако повреден беше лидер на теренот, а „Фалангата“ со френетично бодрење беше ветер во грб на репрезентативците кои со максимално залагање го надополнија неиграњето на Мојсоски, Миркуловски, Вугринец….

Пред почетокот на средбата РФМ му оддаде признание на долгогодишниот репрезентативец Ванчо Димовски, кој се повлече од националниот состав, како и на капитенот Кире Лазаров за освоената Лига на шампиони со „Барселона“.

Како изгледаше битката за настап на Европското првенство во Полска забележа објективот на OhridNews.


Македонија обезбеди пласман на ЕП во Полска

OhridNews